📷 Пристигна големото засилување – Реј Моралес се „чекира“ во Охрид!

Охриѓани наредната сезона ќе имаат големи амбиции, направија одличен состав и донесоа многу засилувања. Еден од нив е некогашниот шпански репрезентативец и член на Барселона, Ориол Реј Моралес.

Тој веќе пристигна во Охрид, се „чекира“ на социјалните мрежи и ќе му стави на располагање на новиот стратег Борис Ројевиќ од првиот тренинг на 25 јули.

Ориол Реј Моралес е играч од одбраната, и беше избран за најдобар дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025. Тој треба да остане во Охрид најмалку две сезони, до 2027 година.

Минатата сезона Реј Моралес настапуваше за Гранољерс во Европската Лига и во домашниот шампионат. Освен во тимот на Гранољерс, тој шест сезони беше дел од Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и играл две сезони во франуското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Екс Ан Прованс.

Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското младинско првенство во 2014/15. Има настапи и за Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш е на поширокиот состав за сениорскиот тим.