📷 Пријателствата од Вардар остануваат за навек – средба на Рогановиќ, Алушовски, браќата Мојсоски…

Поранешниот селектор на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, по третпат со неговиот тим шведски Гуиф третпат беше дел од Струшкиот турнир.

Тој ја искористи средбата да го посети и Охрид, каде се сретна со некогашниот капитен на Вардар, Стевче Алушовски од деновите кога Рогановиќ настапуваше за „црвено-црните“.

Во Струга негови домаќини беа Наумче и Златко Мојсоски, кои беа дел од тогашниот состав на Вардар.

Ниту еден веќе не е активен ракометар, но сите останаа во ракометот, на еден или друг начин.

Рогановиќ и Гуиф го освоија третото место на Струшкиот турнир, откако во битката за бронза го победија грчкиот ПАОК.

Покрај браќата Мојсоски и Алушовски, Рогановиќ имаше средба и со неговиот прв стратег од Ловќен, Александар Рогановиќ, кој сега е тренер на голманите во Вардар.