По долго време, и тоа во Австралија се најдоа некогашните ракометари на Еурофарм Пелистер, Лазар Спировски и Игор Трајковски, кои минаа три сезони во зелениот битолски дрес во минатото.
Како што напишаа двајцата на социјалните мрежи, „Ракометот пред се“…јасно е која била главната тема на муабет.
Спировски веќе десетина години живее во Австралија, беше и ракометно активен краток период, а сега работи нешто сосема друго, додека Трајковски веќе две години е на „седмиот континент“.
Средниот бек Спировски покрај за Еурофарм Пелистер, играше и за Вардар и Зомимак Струмица, а беше дел од црногорскиот Беране и косовскиот тим Приштина.
Кружниот напаѓач Трајковски освен за матичниот клуб од Битола, играше и за Металург Јуниор, Струга и Скопје, како и за финскиот тим Сјундеа.