Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја заменија Битола со Златибор и таму ќе ги продолжат тренинзите пред стартот на новата сезона.
Пелистерци ќе започнат со тест натпреварите во Србија, а потоа ги очекуваат настапи на уште три турнири како дел од подготовките.
Од Златибор екипата се сели во Струга, каде ќе игра на традиционалниот турнир од 14 до 17 август. Покрај Еурофарм Пелистер таму ќе играат Тиквеш, Вардар, Струга, како и грчкиот ПАОК и шведскиот Гуиф.
Потоа на 22 и 23 август следува настап на „Турнир на пријателство“ во Болу каде што ќе играат грчкиот АЕК Атина, рускиот Чеховски Медведи и белорускиот Мешков Брест.
Последните тестови пред стартот на сезоната ќе бидат на ТВ Турнирот во Добој од 28 август до 1 септември против Загреб, Татабања и Црвена Ѕвезда.
Пред стартот на македонското првенство и Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе го одигра и Супер Куп натпреварот против освојувачот на Купот – „сино-белите“ од Автокоманда.