📷 Пелистерци немаа сили за сензација, ПСЖ носи бодови во Франција

Еурофарм Пелистер – ПСЖ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика доживеа  пораз од ПСЖ во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите со 31:25. Еурофарм Пелистер останува без бодови, додека ПСЖ со новата победа дојде до 13 бодови на свое конто и си ги задржа шансите за првото место на табелата. Битолскиот тим во 12. коло од европската елита за ривал го има Кил, кој денес го игра дерби дуелот со полскиот гигант Келце.