Пред натпреварот против Тиквеш од последното коло во Супер лигата, тимот на Охрид им се заблагодари на тренерот и уште седуммина ракометари.
Стевче Алушовски заминува од клупата на „гладијаторите“, а Крсте Андоновски оди во играчка пензија и започнува тренерска кариера.
Покрај нив, од Охрид заминуваат и Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Мацуока, Горан Крстевски и Чиао Винисииус.
Охриѓани градат нов ростер и од лето на клупата ќе биде Борис Ројевиќ, а во стручниот штаб ќе биде и Крсте Андоновски.