Ракометарите на Охрид пристигнаа во Градишка, Босна и Херцеговина, каде што утре ги очекува реванш пресметката со Слога Добој од ЕХФ Европскиот Куп.
„Гладијаторите“ славеа против босанскиот тим со убедливи 37-19 и реваншот ќе биде само формалност.
Охриѓани под водство на Борис Ројевиќ и стручниот штаб веќе тренираа во „Арена Градишка“, каде што се игра мечот.
Реванш натпреварот меѓу Слога Добој и Охрид од третото коло на ЕХФ Европскиот Куп е закажан за утре од 18:00 часот во Градишка.
























