📷 Oхридската тврдина е неосвоива – победничко селфи на „гладијаторите“!

Ракометарите на Охрид уште еднаш покажаа дека се сериозен кандидат за врвот и шампионската титула во Македонија, откако на свој терен го надиграа комплетно „сино-белиот“ тим на Кирил Лазаров со 28-24. Се виде уште од стартот на мечот жарта во очите на „гладијаторите“ кои беа решени сезонава за првпат да победат некој од фаворитите и тоа го остварија доминирајќи во сите сегменти на играта, особено во првиот дел.

На теренот од стартот до крајот водеа момците на Борис Ројевиќ. Тилен Стрмљан со 11 и Анте Иванковиќ со седум погодоци имаа гол-шоу, а ги оставија гостинските голмани Галевски и Кизиќ само на три одбрани за целиот меч. Од друга страна гостите имаа многу технички грешки во нападот и продадени топки, седум одбрани имаа Пилиповиќ и Блажески, па на крајот Охрид победи заслужено.

Сега Охрид го очекува европски предизвик и првиот натпревар против босанската Слога Добој во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.