Ракометарите на Охрид ги прават последните подготовки пред првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Гостин во охридската тврдина „Билјанини Извори“ ќе биде чешкиот тим Дукла Прага, а „гладијаторите“ имаа две загревачки пресметки за овој двобој.
Избраниците на Борис Ројевиќ засилени со Ќосевски, Борозан и Прибетиќ, славеа убедливо над Прилеп и Куманово, а претходно го освоија и силниот турнир во Белград, па ќе се обидат в сабота да остварат предност што ќе гарантира помирен реванш во Прага.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра в сабота на 14 февруари во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.
























