Екипата на Охрид е новиот освојувач на трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ по триумфот над Еурофарм Пелистер со 31-26.
Ова е втор трофеј за Охрид во седум дена, откако минатата сабота го освои и Струшкиот турнир.
За МВП беше избран Анте Иванковиќ, кој беше и во идеалната седморка како најдобар лев бек. Во Ол стар тимот беа голманот од Охрид, Бојан Блажески, левото крило на Тримо Требње – Марко Мајсторовиќ, средниот бек на Еурофарм Пелистер – Павле Атанасијевиќ, неговиот соиграч Анжеј Видомски беше најдобар десен бек, додека најдобар пивот беше Илија Богдановиќ од Динамо Панчево.
Најдобар стрелец на турнирот е десното крило на Партизан, Лазар Анѓелковиќ, кој постигна 26 погодоци.
ОХРИД 2025: „Гладијаторите“ на победничкиот пиедестал на „Крсте Андоновски“