Ракометарите на Охрид се на чекор до финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во интересен натпревар го совладаа српскиот шампион Партизан со 30-25. Охриѓани се во пол-позиција за првото место во групата кое води во битката за трофеј. Клучен момент за триумфот беше одличниот финиш на првиот дел, кога Охрид направи плус осум, а потоа и покрај падот во второто полувреме брзиот излез од кризата. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анте Иванковиќ со осум и Дарко Ѓукиќ со шест погодоци, додека голманот Градимир Чаневски имаше 11 интервенции. Во составот на Партизан се истакнаа Анѓелковиќ и Иванов со по четири гола. Последниот ривал вво групата ќе биде Нексе.



								 
								 
								 
	
									  
								
			
			
					
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								
								





















                