Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на спектакуларен начин го одбележа јубилејот и прослави 70 години постоење.
Раководството на клубот на вчерашниот настан во салата „Боро Чурлевски“ додели признанија на поранешните претсеатели, спортски работници, тренери…
„Во седумдесет години постоње во нашиот клуб и во нашиот дрес проделифираа безброј големи имиња, авторитети, спортски работници. На вчерашната Свечена академија им се заблагодаривме на еден мал дел од нив, оние кои репрезентираат цел еден циклус или цела една генерација.
Им се поклонивме на поранешните претседатели, некои добија постхумни признанија, како нашиот почесен претседател Силјан Мицевски. Некои и денес од трибините навиваат за Пелистер. Благодарници добија и спортски работници, тренери, хроничари, легендарниот економ Дади и уште многу, многу други.
На крај благодарница за најдобрата навивачка група „Чкембари“, која годинава исто како РК Пелистер слави јубилеј. Пред 40 години токму пред еден ракометен натпревар се роди најстарата навивачка група во Македонија. И денес таа е верен наш сопатник.
Нека ни е вечен РК Пелистер!“, се вели во објавата на битолчани.
























