Тимот на Прилеп ги започна подготовките за претстојната суперлигашка сезона за која се засили со четворица ракометари.
Тренерот Божидар Мојсов прозиваше, а ракометарите го одработија првиот тренинг пред стартот на новите предизвици.
Во составот на Прилеп дојдоа голманот Стефан Христоски, пивотот Александар Тренчевски, како и бековите Никола Јеремиќ и Божидар Илиески.
Прилеп минатата сезона се бореше за опстанок во елитната конкуренција и го освои првото место во плеј-аутот.
Како дел од подготовките прилепчани ќе одиграат серија тест натпревари, а ќе играат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ од 29 август до 1 септември.