Германскиот легендарен ракометар Уве Генсхајмер го одигра последниот натпревар и замина во пензија.
Натпреварот што неговиот Рајн Некар Левен го загуби од Магдебург со убедливи 34-21 беше последен во неговата богата кариера.
Тој од лето ќе ја извршува функцијата спортски директор во Рајн Некар Левен и ќе остане во клубот каде мина скоро 20 години, но во поинаква улога.
Генсхајмер на 16 години се пресели во Манхајм од неговиот матичен клуб Фридрихсфелд, и остана дваесетина години, со исклучок на трите сезони што ги мина во францускиот ПСЖ.
Со Рајн Некар, Генсхајмер освои титула во Бундес лигата во 2016 и трофеј во Купот во 2023 година, а со ПСЖ има три титули по ред во францускиот шампионат, како и еден Куп трофеј.