📷 Maлубројна, но одбрана „фаланга“ во Дебрецин – ракометарките имаат поддршка од трибини

Женското Европско првенство не привлекува ниту медиумско, ниту внимание од навивачите, но сепак има Македонци и во Унгарија.

На трибините во „Феникс Арена“ во градот Дебрецин присутни педесетина македонски навивачи, но за дуелот со Турција се очекува да пристигнат уште толку.

Ниту домашните унгарски навивачи, за првата средба со Турција не ја исполнија ниту до половина салата што има капацитет од повеќе од 6.000 гледачи.

Женската репрезентација стартуваше со пораз од 28-18 од силната Шведска, но главниот предизвик е утревечер.

Победа на дуелот со Турција, многу веројатно ќе донесе трето место и прв шешир во ждрепката за СП 2025, а ќе остави можност и за борба за главна рунда со домаќинот Унгарија, колку и тоа да звучи нереално.

Fans, Sweden vs North Macedonia, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 28.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff
Fans, Sweden vs North Macedonia, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 28.11.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff