Можеби не е како во Хрватска на СП за кадети или ЕП за младинци во Словенија, но и сега машката репрезентација има поддршка.
Во салата „Арена Катовице“ има околу дваесетина македонски поддржувачи кои навиваат за Македонија.
Нашите момци по поразот од Фарски Острови, играат против Романија во второ коло и бркаа победа за задржување на шансите за пласман во главната рунда.
Утре е ден одмор, а в сабота ќе се игра последната пресметка од групната фаза против Исланд од 14:00 часот.