📷 Македонски ракометен пар уживаше во „рајот на земјата“

Томче Стојановски и Ивана Џатевска го избраа најубавото место за полнење батерии пред стартот на новата сезона.

Македонскиот ракометен пар уживаше на еден од рајските острови Мафуши, дел од Малдиви.

Иако тие беа во сезоната на дождови на островската земја, сепак тоа не беше пречка да уживаат во сите можности што ги нуди Малдиви – пливаа со бејби ајкули, водни желки…

Џатевска веќе ги стартуваше подготовките со унгарскиот Сомбатељ, додека Стојановски ја смени клупската средина и од Вардар се пресели во Тиквеш.