Четворица ракометари од младинската репрезентација на Македонија, кои беа прогласени за МВП на досегашните натпревари, беа дел од еднодневниот камп „Почитувај го својот талент“ заедно со амбасадорите на Европското првенство.
Мирче Калајџиески, Славчо Шулески, Иван Галевски и Димитар Узунчев, заедно со уште многу други репрезентативци од останатите селекции имаа можност да работат заедно со добро познатите имиња на светскиот ракомет.
Во Целје беа Вид Кавтичник, Лука Степанчиќ и Домен Макуц, кои се амбасадори на младинското Европско првенство и движењето „Почитувај го својот талент“, во кое младите ракометари учат за спортските и животните навики, за односите со медиумите…
Самата можност да се работи со признати имиња на ракометот кои во минатите години беа постојано во врвот е неверојатна, а од оваа дружба нашите ракометари сигурно ќе понесат големо искуство кое ќе им биде драгоцено во иднина на следните настапи на големите натпреварувања.