Некогашната македонска репрезентативка Сара Митова ова лето и 20 јули ќе ги памети засекогаш.
Познатиот македонски актер Григор Јовановски ја побара раката на Митова и доби потврден одговор.
„ДА. Засекогаш“, напиша Митова на социјалните мрежи.
Своевремено Митова беше сметана за една од најталентираните македонски ракометарки, играше за Вардар Јуниор и со првиот тим на Вардар во Лигата на шампионите.
Има и интернационално искуство, во данскиот Сондерјиск, но одамна не е активна на ракометните терени.
Јовановски е еден од најдобрите млади македонски актери, најчесто игра претстави во „Театар Комедија“ и е син на познатиот актер Владо Јовановски.