Покрај запросување на Дејан Гошевски во Барселона, уште еден ракометар се реши да го искористи летниот одмор за важен животен чекор.
Кружниот напаѓач на Пролет, Стефан Атанасовски, се реши да ја побара за сопруга досегашната девојка Мартина Марковска.
Таа му кажа „ДА“, парот ја сподели радосната вест на социјалните мрежи и веднаш почнаа честитки од сите страни.
Атанасовски играше за Работнички, Вардар Јуниор, Вардар, Куманово, сега е дел од Пролет, а има и меѓународно искуство во Катар.