Машката репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот за ЕХФ неделата, во која ќе одигра еден тест натпревар.
Селекторот Кирил Лазаров за оваа акција ќе смета на 19 ракометари, а дополнителен повика имаше за пивотот на Вардар, Кристијан Анастасовски.
За оваа акција, Лазаров не смета на искусните Митревски, Пешевски, Маркоски, а ги нема ниту Ѓорѓиев и Серафимов.
Во Скопје ќе се тренира до петок кога се патува за Австрија, а в сабота ќе се игра пријателски натпревар со избраниците на Икер Ромеро.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра во Брегенц в сабота од 18:00 часот.
























