📷 Кузманоски прозиваше, Бутел Скопје стартуваше со тренинзите за пролетниот дел

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Горан Кузманоски ќе има на располагање 20 ракометари, откако екипата ја напуштија Цветковски, Бошковски и Јовевски.

Бутелци ќе имаат пет проверки пред последните шест кола од регуларниот дел од сезоната од Супер лигата.

На меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Бутел Скопје ќе биде во групата А каде ќе се соочи со словенечкиот Марибор, домаќинот Босна и црногорскиот Рудар Плевља, плус уште еден меч за пласман. Турнирот се игра од 17 до 19 јануари.

По враќањето во Скопје, екипата ќе одигра уште еден пријателски натпревар против екипата на Врање на 31 јануари, а стартот на Супер лигата е закажан за 8 февруари, кога Бутел Скопје ќе му гостува на Прилеп.