Mашката репрезентација на Македонија ја очекува реванш средбата против Фарски Острови од бараж двомечот за пласман на СП 2025.
Меѓу репрезентативците денеска се појави и десното крило Ненад Костески. Тој им посака среќа на колегите од националниот пред важниот натпревар.
Стружанецот го пропушта финишот на сезоната поради повреда на лигаментите, а ќе биде фит дури за зимските предизвици од следната сезона.
Македонија брка негатива од седум гола за да се пласира на Мундијалот, откако загуби со 34-27 во Торшавн.