Пред стартот на подготовките за новата сезона на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, сигурно ќе има честење.
Двајца од пелистерците, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ, периодот меѓу двете сезони ќе го паметат по убави работи.
Левиот бек Борзаш на одморот на Сејшели ја побара за сопруга неговата девојка Лара Живковиќ, додека Радивојевиќ направи свадба.
Радивојевиќ и неговата сопруга Јелена Деспотовиќ досега има граѓански брак, а ова лето се венчаа во црква и потоа направија свадбена веселба, на која беа присутни многу ракометари и ракометарки.