🎥 📷 Како што доликува – охриѓани го промовираа новиот тим на брод

Раководството на Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26.

За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб, Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески.

Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и врвни услови за работа, потенцира Пецаков.

Од стручниот штаб истакнаа дека се свесни за високите очекувања и најавија силна работа за остварување на целите, а капитенот ја потенцира сплотеноста и добрата енергија помеѓу играчите кои се подготвени да дадат се да се исполнат амбициите – да се нападне ракометниот врв во домашното првенство и да се оди што е можно подалеку во Европа.

На промоцијата присуствуваше легендарниот ракометен тренер Лино Червар кој на Охрид му посака успешна сезона.

Во знак на благодарност спортскиот директор на Охрид, Славчо Ристески, на спонзорите и помагателите им врачи признанија.