Новогодишните и божикните празници се ретките моменти кога ракометарите и ракометарките можат да се опуштат меѓу двете полусезони.
Дел од суперлигашите стартуваат со тренинзи после Божик, а оние ракометари што ќе играат на СП 2025 веќе од денеска ќе бидат во погон.
Некои од ракометарите и ракометарките ја прославија новогодишната ноќ со партнерките и партнерите.
Дел од нив беа во ресторани, хотели или кафулиња, некои останаа во Македонија, а некои отпатуваа во странство.