📷 Јагуриновски навиваше за Охрид – „гладијаторите“ газеа…

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски веќе пристигна во Охрид, каде што треба да биде големо засилување за „гладијаторите“.

Десниот бек го следеше настапот на неговиот нов клуб на мечот со азербејџанскиот Баку од ЕХФ Европскиот Куп.

Со ова се потврдува најавата на 24Ракомет за трансферот на македонскиот репрезентативец во амбициозниот проект и камбекот од Германија.

Деновиве треба да следува и официјалната промоција на Јагуриновски, а покрај него српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ би можел да стане нов „гладијатор“.

Охрид го победи Баку со 44-11 на првата средба, утрешниот реванш ќе биде само формалност и уште отсега ќе се чека ждрепката на 21 октомври за третото коло.

Нова бомба во Охрид: Доаѓа Томислав Јагуриновски!