Грузискиот репрезентативец кој три сезони играше во нашата Супер лига, Хазеин Рустамов, денеска стана македонски зет.
Рустамов доби „ДА“ на прашањето дали ќе му биде сопруга од Виолета Андоновска, со која беше во врска од времето кога беше дел од Охрид.
Таа е ќерка на некогашниот македонски репрезентативец, а сега тренер – Горан Андоновски, па ракометното семејство ќе биде побогато за уште еден спортист.
Левото крило Рустамов дојде во Македонија во 2020 година, две сезони настапуваше во Прилеп, а една мина во Охрид.
Сега е дел од босанскиот тим Искра Бугојно, а со селекцијата на Грузија настапи на Европското првенство во Германија.