📷 Грчка љубов цвета во Охрид

Грчкиот репрезентативец Николаос Лиапис е едно од звучните засилувања за Охрид и меѓу најдобрите играчи на стартот на сезоната.

Неговата девојка, познатата грчка репрезентативка Ламприни Цакалу, го користи секој слободен момент за посета на Охрид.

Таа настапи на „Трофеј Македонија“ со грчката репрезентација, а беше на трибините и на двомечот со азербејџанскиот Баку во СРЦ „Билјанини Извори“.

Цакалу во моментов е дел од тимот на Јонијас, а претходно играше за ГАС Артас, АЕК Атина, Подравка, Крим, Турингер…