Шампионот Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе има големи предизвици на повеќе фронтови. Минаа 45 дена од последната активност за сезоната 2024/25 и прославата на шампионската титула во Битола.
Денеска со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26. На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и дел од новите ракометари во ростерот.
Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт ќе се приклучат викендов за медицинските тестови. На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.
Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од 4 август на Златибор.
Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември.