Ракометарите на Охрид ја поминаа и третата пречка на патот кон најголемиот клупски успех – пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
„Гладијаторите“ славеа и вторпат над Дукла Прага, овојпат со 30-24 и со вкупен резултат 60-45 елиминираа уште еден ривал.
Претходно македонскиот тим ги елиминира со двојни победи тимовите на Баку од Азербејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина.
Следниот ривал во ТОП 8, Охрид ќе го дознае во вторник, а на листата можни противници има екипи од типот на Татабања, Целје, Олимпијакос….

























