Иако имаа големи проблеми со патувањето до Скопје, репрезентативците на Фарски Острови не отстапија од првичниот план.
Тие требаше да пристигнат во македонската престолнина во петокот, и да имаат еден цел ден за адаптација и три тренинзи, но одработија само еден. Поради проблемите со маглата на Фарски Острови, тие два дена минаа во исчекување на летот и не тренираа.
Фараните пристигнаа доцна синоќа околу полноќ, но утринава одржаа тренинг во СЦ „Борис Трајковски“.
Тие победија со 34-27 на првата средба против Македонија и се многу блиску до место на СП 2025 година.
Но за нешто се прашуваат и македонските репрезентативци, кои досега покажале дека се најдобри кога е најтешко.
Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра вечерва од 19:00 часот.