📷 „Фалангата“ со огномет тргна кон Вараждин

Денеска во Хрватска, Данска и Норвешка ќе стартува 29. издание на Светското првенство, каде ќе игра и Македонија.

Секаде каде игра македонската репрезентација, таму е и „фалангата“, а во Вараждин најавено е присуство на најмалку 1.000 навивачи.

Со кршење лепче на Василица и со огномет среде Дебар Маало, дел од навивачите го најавија патот кон Хрватска.

Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот натпревар го игра против Унгарците утре од 20:30 часот.