Можеби е период на летни одмори, но машката младинска репрезентација на Македонија има голема поддршка на трибините во Словенија.
„Фалангата“ е ветар во грб за избраниците на Раде Стојановиќ кои досега по три меча немаат пораз на Европското првенство во Целје.
Иако не се во голем број, македонските навивачи се повеќе во однос на другите репрезентации.
Младинците не се пласираа во ТОП 8, но ги чека битка за пласман од 9 до 16 место и разигрување со Полска, Романија и Франција.