📷 Европа ќе добие нов владател, Пранди ги расплака Швеѓаните

ЕП2024: Франција – Шведска галерија

Селекцијата на Франција е првиот финалист на Европското првенство во Германија, откако славеше против се уште актуелниот првак Шведска со 34-30. Французите имаа плус седум во првиот дел, Шведска се врати во игра, во финишот на мечот водеше и со плус два, но грешката на Готфридсон и шутот на Пранди во последната секунда од слободен удар го однесоа овој меч во продолженија. Таму уште по две минути Франција се одлепи на плус три, и до крајот успешно ја задржа разликата. Овој натпревар го судеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.