📷 Еве со каква топка ќе играат македонските ракометари на СП 2025

Светската ракометна федерација и Молтен ја промовираа топката со која ќе се играат натпреварите на Мундијалот во 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Топката ги содржи боите на националните обележја од трите земји организатори – црвена и бела (Хрватска, Данска и Норвешка), како и сината (Норвешка и Хрватска).

Слоганот на Мундијалот е „инспирарано од ракометот“, а симболот „комета“ на мундијалската топка го симболизира ракометот низ светот.

Од ИХФ се надеваат дека СП 2025 и специјално дизајнираната топка ќе бидат мотивација за многу деца низ светот да почнат да се занимаваат со ракомет.

Македонските ракометари ќе имаат можност да играат со оваа топка на натпреварите од групата против Унгарија, Холандија и Гвинеја.