📷 Еве ги сите нови лица на Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона, а на првиот тренинг беа присутни петте засилувања.

Голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ, кои дојдоа од Порто и Шамбери, се најзвучните засилувања.

Тука е некогашниот вардарец, Илија Абутовиќ, кој дојде од францускиот Шарт и ќе ја засили дефанзивата, а повратник во клубот е десниот бек Усама Хосни.

Петтото ново име е младиот хрватски кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ, кој доаѓа од тимот на Горица.

Во првиот тим на тренинзите приклучени се и тројца интернационалци од првиот тим – Алем Хаџиќ, Василије Печурица и Богдан Мијушковиќ.

Пелистерци ќе тренираат во Битола и на Златибор, а потоа ќе настапуваат на турнирите во Струга и Добој.