📷 „Ер Македонија“ остана без едно крило – Саздовска заврши со националниот тим

Покрај Симона Маџовска, уште една македонска репрезентативка денеска го одигра последниот натпревар во репрезентацијата.

Тоа е левото крило Јована Саздовска, која најави пензија по ЕП 2024, но се врати да помогне за двата меча со Полска во баражот за СП 2025.

Саздовска, која долги години е прва опција на левата крилна позиција во моментов настапува во романската екипа Слатина.

Таа беше дел од македонската репрезентација на две големи натпреварувања – ЕП 2022 што се играше во Македонија, Словенија и Црна Гора, како и на ЕП 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Саздовска настапи на 50 натпревари во дресот со националниот грб.