📷 Две легенди на едно место: Лазаров на гости кај Червар

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, дел од својот одмор го искористи за посета на еден од неговите претходници, Лино Червар во Умаг.

Двете легенди соработуваа во хрватскиот шампион Загреб, каде што Лазаров го имаше своето прво интернационално искуство како играч.

Подоцна соработуваа и во националниот тим на Македонија, кога Хрватот беше на селекторската клупа.

Потоа ниту еднаш патишата на терените не им се вкрстија, но двајцата секогаш го потенцираат нивниот посебен меѓусебен однос.

Червар во август по подолго време ќе биде во Македонија и ќе биде промотор на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.