„Фалангата“ се собра во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг за да ги поддржи нашите ракометари во пресметката со Португалија.
Меѓу македонските поддржувачи од сите наши градови, како и од дијаспората, беше и црномурестиот Фредерик од Шведска.
Тој е пријател на македонски иселеници од оваа скандинавска земја и со задоволство им се приклучил во бодрењето на нивната татковина.
Дуелот меѓу Македонија и Португалија стартува од 18:00 часот, со пренос на МТВ1.


























