Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте заработи повреда на СП поради која не можеше да игра во пролетниот дел од сезоната.
Тој не можеше да им помогне на соиграчите на теренот во тешкиот дуел со Динамо Букурешт, но затоа беше на трибините.
Во „Боро Чурлевски“, покрај поддршката од Цехте, пелистерци имаа голема поддршка и од „Чкембари“, со чија помош го добија важниот меч.
Иако е на седмата позиција на табелата со осум бода, сепак македонскиот шампион има шанси за осминафиналето во Лигата на шампионите.
До крајот на групната фаза, Еурофарм Пелистер ќе игра на гости со Фуксе Берлин и дома со ПСЖ.