📷 „Чкембари“ порачаа – титулата останува во Битола!

Шампионот Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Вардар со 24-20 во осмото коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Но и покрај поразот, битолчани се уште ја имаат предноста на лидерската позиција со 23 бода пред Вардар со 21 бод.

Навивачите на Еурофарм Пелистер и покрај поразот ги пречекаа ракометарите по враќањето во Битола.

„Чкембари“ порачаа дека „ТИТУЛАТА ЌЕ ОСТАНЕ ВО БИТОЛА“ и дека веруваат во ракометарите.

Еурофарм Пелистер има добар распоред и во преостанатите натпревари ќе ги пречека Бутел Скопје, вицепрвакот и Тиквеш, додека ќе гостува кај Пролет, Охрид и Струга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ckembari Bitola (@ckembari1985)