Левиот бек Симона Маџовска засекогаш ќе го памети натпреварот против Полска од баражот за пласман на СП 2025.
Тоа беше последен натпревар во репрезентативната кариера на битолчанката, а прв и последен одигран во дресот со националниот грб пред своите.
Салата „Боро Чурлевски“ беше претесна да ги прими сите љубители на ракометот, кои направија прекрасна атмосфера што одамна ја немало на женски репрезентативен ракомет.
По натпреварот таа доби пригодни подароци од нејзините најблиски, кои имаа можност да ја поздрават.
Маџовска продолжува да биде клупски активна во германскиот Цвикау.