📷 Братски двобој во Супер лигата – Ончев против Ончев

На мечот од првото коло од Супер лигата меѓу Куманово и Радовиш имаше двобој меѓу двајца браќа.

Тоше Ончев, левиот бек на Куманово играше против неговиот брат Иванче Ончев, кој е член на радовишкиот тим веќе долго време.

Куманово по тешка битка успеа да слави победа над Радовиш со 34-32, а Тоше беше меѓу најдобрите со десет гола кај победникот, додека Иванче даде еден за гостите.

Тоше по краткиот престој во шпанскиот Новас, одново се врати во македонскиот ракомет и сега ќе биде еден од главните адути на Куманово.