Некогаш големата надеж на Франција, Тео Деро, кој ја заврши кариерата на 27 години, има нова прфесија.
Деро работи како пилот на приватни авиони и често споделува фотографии од својот нов животен предизвик на социјалните мрежи.
Левиот бек потекнува од Истр, во 2015 година направи трансфер во Нант, а беше дел од француската репрезентација на ЕП 2016 година.
Во 2017 се пресели во Екс Ан Прованс, а во тоа време му беше дијагностициран канцер на лимфните жлезди.
Успешно го преброди тешкиот период и се врати на терените во 2019 година во дресот на Истр од каде потекнува, но на крајот на сезоната реши да ја заврши кариерата. Потоа се посвети на студиите за пилот и сега е успешен во својата нова професија.