📷 Аргентинецот тргна со Вардар – Милано влезе во „црвено-црното“ семејство

Новиот стратег на Вардар, Аргентинецот Гиљермо Милано, веќе се приклучи на екипата и почна да ги води тренинзите на македонскиот тим.

Милано имаше неколку тренинзи со тимот и се запозна со сите ракометари од „црвено-црниот“ состав.

Екипата тренира во „Јане Сандански“ а поштеда имаат само неколкумина ракометари кои се жалат на ситни повреди.

Милано треба да дебитира на клупата на „црвено-црните“ во сабота на мечот против Струга од 11 коло на Супер лигата.

Веќе во вторник, Милано и Вардар ги очекува европски предизвик и патување во далечниот Исланд кај Валур за натпреварот од Лигата на Европа.