Една од најдобрите светски ракометарки, Андреа Лекиќ, доживеа тешка повреда на натпревар од унгарскиот шампионат.
Средниот бек на дуелот меѓу нејзиниот Ференцварош и Вашаш при еден шут доби удар во раката, по што мораше на клупа, бидејќи беше евидентно дека се работи за тешка повреда.
Подоцна е утврдено дека станува збор за скршеница на дланката на шутерската рака, а операција беше неизбежна.
За времето за опоравување нема никаква информација, но јасно е дека Лекиќ ќе биде надвор од комбинација за натпреварите што ќе решаваат дали Ференцварош ќе обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.
Лекиќ пет сезони го носеше дресот на Вардар и со македонскиот клуб пет пати играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.