Шпанскиот стратег и нов тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, пред неколку часа пристигна во Битола и имаше можност да се запознае со ракометарите и вработените во клубот.
Новиот тренер на актуелниот шампион, моментално, го следи натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп во рамки од 11. коло од суперлигашкото друштво.
Искусниот тренер кормилото на битолскиот тим ќе го преземи викендов, а неговото официјално деби на клупата на Еурофарм Пелистер ќе биде в среда против Фредериција.
Токму натпреварот против данскиот тим ќе биде од голема важност за пелистерци, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за осминафинале во Лигата на шампионите.
Алонсо по ангажманот во Бундес лигата, во тимот на Ерланген, реши да ја прифати понудата на Еурофарм Пелистер и потпиша договор со пелистерци до летото 2026 година.