📷 🎥 ПСЖ го повлече од употреба дресот на легендарниот Никола Карабатиќ!

По завршувањето на мечот од францускиот шампионат меѓу ПСЖ и Лимож, во салата „Пјер Де Кубертен“ имаше мала церемонија.

Францускиот клуб го повлече од употреба дресот на легендарниот Никола Карабатиќ, кој минатото лето ја заврши играчката кариера.

Дресот со број 44, со кој играше трикратниот олимписки шампион, никој повеќе нема да го носи и тој ќе „виси“ на врвот од салата.

Таму се веќе дресовите на Патрис Аноне, кој сега му е помошник на Раул Гонзалез, потоа Лук Абало, Микел Хансен…

Во составот на ПСЖ, Никола Карабатиќ мина девет сезони и освои исто толку шампионски титули во Франција.