Пред официјалниот старт на сезоната и натпреварот од Супер Купот, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се пофали со новиот дрес и со новиот кружен напаѓач.
Во составот предводен од Бранко Ангеловски ќе биде и пивотот Самоил Ристевски, младински репрезентативец на Македонија.
Иако има 18 години, Ристевски има акумулирано искуство од суперлигашки настапи во Еурофарм Пелистер 2, како и од настапи на големите натпреварувања со кадетската и младинската селекција на Македонија.
Стратегот Ангеловски добива уште една алтернатива на линијата од шест метри покрај Жарко Пешевски и Кајо Цикатиќ во претстојната долга и напорна сезона, во која Ристевски сигурно ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети.
Тој би требало да го има дебито во македонскиот шампион на натпреварот од Супер Купот против „сино-белите“ од Автокоманда.
View this post on Instagram